Yasin Yorgancı
08 Мај 2025•Ажурирај: 09 Мај 2025
АНКАРА (АА) - Премиерот на Пакистан, Шахбаз Шариф, во телефонски разговор му изрази благодарност на претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган, за поддршката што Туркије му ја дава на Пакистан, известува Анадолу.
Премиерот Шериф на својот профил на социјалната мрежа X објави пост во врска со неговиот телефонски разговор со турскиот претседател Ердоган.
Изразувајќи благодарност за поддршката на Туркије за Пакистан, Шариф истакна дека ги цени турските граѓани што се молат за Пакистанците кои ги загубија животите во судирите.
Наведувајќи дека го информирал претседателот Ердоган за најновата воена ситуација на терен, Шариф во објавата напиша:
„Пакистан ѝ е благодарен на Туркије за напорите за намалување на тензиите и одржување на мирот во Јужна Азија.“
Според соопштение што вчера го објави Дирекцијата за комуникации на турското Претседателство, во телефонскиот разговор меѓу Шариф и претседателот Ердоган биле разгледани тензиите меѓу Индија и Пакистан, нападот во ноќта на 6 мај и актуелните случувања.
Наведувајќи дека Туркије ја поддржува смирената и умерена политика на Пакистан во овој процес и дека предлогот за спроведување непристрасна, транспарентна и веродостојна меѓународна истрага за терористичкиот напад во Џаму и Кашмир е соодветен, претседателот Ердоган рекол дека Туркије е подготвена да направи сè што е во нејзина моќ за да спречи ескалација на тензиите и продолжување на дипломатските контакти за ова прашање.