Hakan Çopur
14 Март 2018•Ажурирај: 14 Март 2018
ВАШИНГТОН (АА) - Во Белата куќа во Вашингтон вчера беше одржан собир под назив „Хуманитарна криза во Газа“, на кој присуствуваа претставници на САД, Израел и неколку заливски земји, но не и претставници на палестинското раководство, пренесува Anadolu Agency (AA).
Американските медиуми јавуваат дека на собирот присуствувале делегации од вкупно 19 земји, вклучувајќи ги Израел, Катар, Саудиска Арабија и ОАЕ.
Собирот го бојкотираа претставниците на Палестина, а повод за бојкотот е спорната минатогодишна одлука на американскиот претседател Доналд Трамп за признавање на Ерусалим (Кудс) за главен израелски град.
Домаќин на собирот во Белата куќа беше советникот и зет на Трамп, Џаред Кушнер, а за јавноста не се објавени резултатите од водените разговори.
Кушнер на учесниците им одржа двочасовна презентација за состојбата на Блискиот Исток, со акцент на Газа, а потоа е водена дискусија.
Неименувано американско официјално лице изјави дека собирот не претставува обид за директни преговори меѓу Израел и арапските земји.