Hamdi Yıldız
07 Ноември 2020•Ажурирај: 09 Ноември 2020
РАМАЛА
Членот на Извршниот одбор на Палестинската ослободителна организација, Васил Ебу Јусуф, истакна дека нивниот став кон новата администрација, што ќе дојде по изборите во САД, зависи од ставот на Вашингтон кон Палестина, јавува Агенција Анадолија (АА).
Ебу Јусуф во изјавата за АА нагласи дека ставот на Палестина кон новата администрација на САД зависи од ставот на американската администрација кон палестинската кауза и кон израелската окупација.
„Во случај ставот на новата администрација, што ќе дојде во САД, да е непријателски кон Палестина, тогаш и нашиот став ќе биде ист“, рече Ебу Јусуф, додавајќи дека тоа што ја заинтересирало палестинската администрација е ставањето крај на окупацијата врз основа на одлуките на меѓународното право и легитимноста.
Запрашан дали ќе воспостават контакт со администрацијата на САД во случај демократскиот кандитат Џо Бајден да победи на изборите, Ебу Јусуф нагласи дека тоа зависи од ставот на САД што ќе го покажат кон палестинскиот народ.
„Тоа што се бара од новата администрација на САД е да донесе реално и сериозно решение за палестинското прашање, а не доминација на САД во регионот и не да управува со расправијата“, додаде тој.