Ekip
15 Ноември 2023•Ажурирај: 15 Ноември 2023
РАМАЛА (АА) - Палестина повика на итна меѓународна заштита на медицинскиот персонал, пациентите и раселените лица во болницата Ал-Шифа, откако израелската Армија влезе во установата денес, јавува Анадолу.
„Нападот на израелската Армија е флагрантно кршење на меѓународното право, меѓународното хуманитарно право и Женевските конвенции и продолжување на сите прекршувања и злосторства извршени од окупацијата врз нашиот народ“, се вели во соопштението на палестинското Министерство за надворешни работи.
Тие ја сметаат израелската Влада „потполно одговорна за безбедноста на медицинскиот персонал и илјадници пациенти, раселени лица и деца, вклучително и предвремено родени бебиња, во комплексот“.
Израелската Армија рано утринава изврши напад врз болницата Ал-Шифа, најголемата болница во Појасот Газа.
Според Канцеларијата за медиуми на Владата во Газа, во медицинскиот комплекс има приближно 1.500 медицински работници, 700 пациенти, 39 предвремено родени бебиња и 7.000 раселени лица.
Во израелските напади врз Појасот Газа загинаа најмалку 11.320 Палестинци, меѓу кои повеќе од 7.800 жени и деца, додека повеќе од 29.200 се повредени.
Од минатиот месец, илјадници згради, вклучувајќи болници, џамии и цркви, се оштетени или уништени во немилосрдните израелски воздушни и копнени напади врз опколената енклава.