Ekipa
18 Февруари 2018•Ажурирај: 19 Февруари 2018
РАМАЛА (АА) - Палестинскиот претседател, Махмуд Абас, ќе побара од Советот за безбедност на Обединетите нации (СБОН) во иднина да ја преземе улогата на лидер на меѓународната арбитража на мировниот процес на Блискиот Исток, јавува Anadolu Agency (AA).
Советникот на Абас за надворешна политика и меѓународни односи, Набил Шас, за АА рече дека палестинската страна не сака Соединетите Американски Држави (САД) и понатаму да имаат улога на главен посредник во преговорите за решавање на палестинско-израелскиот конфликт.
Палестинскиот претседател Абас во вторник, во своето обраќањето во Советот за безбедност на ОН ќе побара од тоа тело да ја преземе водечката улога во арбитражата.
„Абас на Советот за безбедност ќе му ги претстави главните аргументи зошто палестинската страна ја одби мировната иницијатива на американскиот претседател Доналд Трамп“, рече Шас.
Палестинскиот лидер претходно изјави дека САД веќе не можат да бидат посредник во преговорите, откако американската администрација еднострано го призна Ерусалим (Кудс) како главен град на Израел.