Safiye Karabacak
16 Април 2017•Ажурирај: 17 Април 2017
ЕРУСАЛИМ (АА) – Палестинската затвореничка Лина ел-Џербуни, која остана најдолго во израелските затвори, пуштена е на слобода, јавува Anadolu Agency (AA).
Џербуни, која беше пуштена на слобода од раководството на израелскиот затвор Хашарон, беше пречекана од страна на делегацијата арапски претставници.
Се очекува во северниот дел од државата, во областа Араба ел-Батуф, од кадешто доаѓа Џебруни, да се одржи прослава по повод нејзиното ослободување.
Лина ел-Џербуни беше затворена и казнета со 15 години затвор од страна на израелските власти во 2002 година, под обвинение дека е припадник на исламско џихадистичко движење и дека помага во операциите против израелските позиции.