Ekipa
11 Август 2019•Ажурирај: 13 Август 2019
РАМАЛА (АА) - Палестинското Министерство за надворешни работи ја осуди интервенцијата на израелската полиција врз Палестинците во „Харем-и Шериф“, кои сакаа да го спречат упадот на радикалните Евреи во „Месџид ал Акса“, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на Министерството, реагирајќи на интервенцијата, се нагласува: „Палестинскиот народ по секоја цена ќе го штити „Месџид ал Акса“ и нема да дозволи да се спроведат плановите за него.“
Се повикува меѓународната заедница и релевантните меѓународни организации да го кренат својот глас против злосторствата на Израел и прекршувањата на правата на Палестинците.
Радикалните Евреи бараа дозвола од израелската полиција да извршат упад во „Месџид ал Акса“ во пресрет на првиот ден и за време на првиот ден на Курбан бајрам.
Денеска израелската полиција интервенираше во „Харем-и Шериф“ врз Палестинците кои сакаа да го спречат упадот на радикалните Евреи во џамијата „Ал Акса“. При интервенцијата беа повредени 37 Палестинци, а 14 од нив беа хоспитализирани.
Фирас ал Дибс, портпарол на Управата за исламски вакафи во Ерусалим, истакна дека над 700 радикални Евреи во групи извршиле упад во „Месџид ал Акса“, под заштита на израелската полиција.