Fatma Zehra Solmaz
26 Ноември 2025•Ажурирај: 27 Ноември 2025
ИСТАНБУЛ (АА) - Шефот на државата Ватикан и духовен водач на католичкиот свет, папата Лав XIV, утре ќе пристигне во турската престолнина Анкара, јавува Анадолу.
Само по речиси седум месеци од преземањето на функцијата, папата Лав XIV - првиот папа во историјата што доаѓа од САД - ќе го започне своето прво меѓународно патување, почнувајќи со шестдневна посета на Турција и Либан.
Директорот на Канцеларијата за печат на Светата Столица, Матео Бруни, соопшти дека апостолската посета ќе вклучува престои во Анкара, Истанбул и Бејрут, како и во Изник (древна Никеја) по повод 1700-годишнината од Соборот во Никеја.
Директорот за комуникации на турското Претседателство, Бурханетин Дуран, на турската платформа „NSosyal“ објави дека папата Лав XIV ќе престојува во Турција од 27 до 30 ноември, на покана на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
Дуран рече дека на разговорите ќе бидат разгледани билатералните односи меѓу Турција и Ватикан, како и актуелните регионални и глобални случувања, особено ситуацијата во Палестина.