Hajer M'tırı
27 Април 2016•Ажурирај: 28 Април 2016
ПАРИЗ (АА) - Осомничениот за париските терористички напади, Салах Абдеслам, е екстрадиран во Франција преку ноќ, јавуваат белгиските медиуми цитирајќи го белгискиот федерален обвинител, пренесува Anadolu Agency (AA).
Бриселскиот суд го одобри неговиот трансфер во Франција на 31-ви март.
Дваесет и шестгодишниот Абдеслам беше уапсен в март при полициска рација во предградието Моленбек во белгискиот главен град.
По него се трагаше со интернационална потера четири месеци, како одговор на ноемвриските напади во Париз во кои загинаа 130 лица.