Eshat Fırat
14 Јули 2017•Ажурирај: 15 Јули 2017
ЕРУСАЛИМ (АА) - Откако утринава е затворена џамијата Ал Акса во Ерусалим, стотици Палестинци ја извршија петочната молитва на муслиманите, надвор од ѕидините на Стариот град, односно комплексот Ал Акса, јавува Anadolu Agency (AA).
Припадниците на израелската полиција утринава убија тројца Палестинци за кои тврдат дека се обиделе да извршат оружен напад во кругот на џамијата Ал Акса во Ерусалим. Џамијата Ал Акса е затворена, а полицијата утринава соопшти дека во неа денес нема да биде извршена редовната заедничка молитва на муслиманите во петок.
Sидините на Стариот град се наоѓаат во комплексот на Ал Акса, а Палестинците молитвата ја извршија надвор од компексот, на улица.
По молитвата извикуваа текбири, но и слоганот: „Нашата душа и крв ги жртуваме за тебе, Ал Акса“. Потоа без инциденти се разотидоа.
Претставници на израелската Црвена Давидова ѕвезда утринава соопштија дека се ранети тројца Израелци, од кои двајца потешко. Според последните информации, како последица на здобиените повреди починаа двајца израелски полицајци.
Освен тоа, блокирани се влезовите во делот од градот каде што се наоѓа џамијата. На влезовите во градот се распоредени голем број израелски полицајци, а над градот е забележан и хеликоптер.