Vesna Besic
27 Ноември 2023•Ажурирај: 01 Декември 2023
ГАЗА (АА) - По израелските напади бегалскиот камп Ал Шати во западниот дел на Појасот Газа е претворен во урнатини, известува Анадолу.
По стапувањето во сила на четиридневната хуманитарна пауза може да се видат размерите на разурнувањата во Појасот Газа.
Четиридневната хуманитарна пауза со посредство на Катар, Египет и САД, која стапи на сила во петокот, привремено се запрени израелските напади на Појасот Газа.
До воведувањето на хуманитарната пауза Израел спроведуваше немилосрдни воздушни и копнени напади на Појасот Газа со неселективно бомбардирање на цивилни населби, станбени објекти, џамии, цркви и болници по неочекуваниот напад од страна на Хамас на 7 октомври.
Оттогаш се убиени најмалку 14.854 Палестинци, вклучително 6.150 деца и повеќе од 4.000 жени, информираа здравствените власти во палестинската енклава.