Bilgin S. Şaşmaz
30 Септември 2017•Ажурирај: 01 Октомври 2017
ЧИКАГО (АА) - Група граѓани се собра да протестира во американскиот град Чикаго, изразувајќи незадоволство поради доцнењето на помошта која американските власти треба да ја испорачаат на островот Порторико, кој неодамна го зафати ураганот Марија, јавува Anadolu Agency (AA).
Групата се собраа пред „Trump Tower", од каде што порачаа дека 3,4 милиони жители на Порторико останаа без вода и електрична енергија.
За време на протестот, можеа да се видат транспаренти „3,5 милиони жители на САД се без вода и храна", „Порторико е слободен, а не колонија", како и пароли „Правда за Порторико."
Ураганот Марија во средата 20 септември го погоди Порторико, како најсилен во последните 80 години. Позади себе остави стотици уништени домови, целиот остров беше без струја, а некои од улиците ги претвори во диви реки.
Се предвидува дека штетите кои ги предизвика ураганот Марија би можело да го дведе Порторико во финансиска криза.
Претходно, претставници од Порторико објавија дека најмалку шест лица го изгубиле животот во ураганот Марија.