Gökhan Kavak
10 Декември 2019•Ажурирај: 15 Декември 2019
АБУЏА
Во Нигерија, повеќе од половина од населението нема лични карти, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Алију Ебубекир, претседателот на Националната комисија за управување со лични карти (NIMC), во изјавата за новинарите рече дека во земјата со вкупно население од 200 милиони, повеќе од половина немаат лични карти, на чело со жените и децата.
Наведувајќи дека личната карта е многу важен документ, Ебубекир рече: „Важно е нашите граѓани да имаат лична карта за да ги остварат своите законски права, да ги користат услугите на државните институции и да ја добијат својата економска слобода.“
Во Нигерија постои законска обврска да се носат документи за идентификација за поефикасна борба против вооружените банди и терористичките организации.