Mehmet Yılmaz
11 Април 2016•Ажурирај: 11 Април 2016
БУДИМПЕШТА (АА) - Во последните три дена 411 мигранти се спречeни илегално да влезат во Унгарија, јавува Anadolu Agency (AA).
При обид за илегално влегување во Унгарија, фатени се 411 мигранти, соопштија од Управата на полицијата на Република Унгарија.
Според полицијата, од 28-ми март до 3-ти април при обид за илегален влез во земјата евидентирани се 940, а од 4-ти до 10-ти април, 859 мигранти.
Унгарија, која минатата година на мигрантите им беше една од најважните точки на патот кон Европската унија (ЕУ), постави жица на границата со Србија и Хрватска за да го спречи мигрантсиот бран. Покрај тоа зголемени се и казните за нелегално преминување на унгарската граница.
Оваа земја со цел зачувување на границите, со поддршка на Вишеградската група (Чешка, Унгарија, Полска и Словачка), испрати војници и полицајци на своите граници.