Eshat Fırat
10 Декември 2017•Ажурирај: 11 Декември 2017
ЕРУСАЛИМ (АА) - На демонстрациите против американското признавање на Кудс за „главен град на Израел”, што се одржаа на палестинсите територии во Кудс, Западниот Браг и Газа, окупирани од страна на Израел, дојде до судири во кои се ранети 231 Палестинец, јавува Anadolu Agency (AA).

Палестинската Црвената полумесечина соопшти дека во судирите кои настанаа на окупираните територии во Кудс се повредени 12 Палестинци, додека на окупираните територии од страна на Израел во Рамалах, Бејтулахим, Тулкерим и Неблус на Запаниот Брег и појасот Газа на границата со Израел, се повредени 219 Палестинци.

Во соопштението на израелската војска се вели дека на 20 точки на окупираните територии во Западниот Брег и во подрачјата на Газа во близина на израелската граница, дошло до судири меѓу израелската војска и Палестинците.

Во соопштението се наведува дека во судирите на Западниот Брег, околу 600 Палестинци фрлале камења врз израелската војска и ги палеле гумите на возилата, додека на демонстрациите одржани во Газа во близина на Израел, дошло до судири меѓу израелската војска и околу 450 Палестинци.
Израелската полиција соопшти дека поради поврзаност со настаните кои се случија во Источен Кудс, приведени се 13 Палестинци. Во судирите полесно се повредени 4 израелски полицајци.