Oktaj Omeragikj
16 Ноември 2025•Ажурирај: 17 Ноември 2025
СУМИ (АА) - Едно лице е повредено во руски напад врз станбена област извршен вечерва во подрачјето Суми, Украина, објави Државната служба за вонредни ситуации на оваа зеемја, известува Анадолу.
Официјални лица информираа дека во нападот се оштетени приватни домови и нестанбена зграда.
По нападот избувнал голем пожар, кој пожарникарите успеале да го стават под контрола.
Русија ја започна својата „специјална воена операција“ во февруари 2022 година со цел, според сопствените изјави, „денацизификација и демилитаризација“ на Украина.
Во меморандумот за решавање на конфликтот што го објави Москва се бара забрана за приклучување на Украина кон воени сојузи и повлекување на украинските сили од Донецк, Луганск, Запорожје и Херсон, региони што Русија ги анектираше по референдумите одржани во септември 2022 година.
Киев овие барања ги нарече ултиматум и нагласи дека прекинот на огнот е неопходен предуслов за какви било сериозни мировни преговори.