Turgut Alp Boyraz,Eshat Fırat
14 Декември 2017•Ажурирај: 14 Декември 2017
КУДС (АА) - 16-годишниот Февзи Џунејди, стана симбол на протестот за Кудс, откако беше фотографиран како со врзани очи е приведен од страна на голем број израелски војници, Дел од невладините организации на Турција испратија писмо на поддршка и покана до неговиот чичко да биде гостин на митингот за поддршка на Кудс кој ќе се одржи во недела во Анкара, главниот град на Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Чичкото на Џунејди, примајќи го писмото за поддршка и поканата за учество на митингот во Анкара, упатено од страна на турските невладини организации, за АА изјави дека ако успее да добие виза и доколку израелските власти му дозволат да ја напушти замјата и нема никакви други бариери, со задоволство ќе учествува на митингот.
- „Се мачам да ги изразам своите чувства”
Чичкото на Џунејди ја изрази својата среќа за добиената покана од страна на Турција и изјави: „За мене преставува особено задоволство што сум поканет во Турција. Се мачам да ги изразам своите чувства. Доколку добијам виза и израелските власти ми дозволат да ја напуштам земјата, ќе учествувам на митингот. Благодарение на можноста која ќе ми ја даваат нашите турски браќа, ќе имам прилика да раскажам на каков третман се изложени нашите деца од страна на окупаторските сили, како сме лишени од слободниот и нормален живот и можност, нашиот крик да го чуе целиот свет.”
Откако се заблагодари за дадената поддршка и поканата за учество на митингот во Анкара, чичкото Џунејди рече: „Ќе ја продолжиме нашата борба против окупацијата. Со нашите срца и со нашиот говор ќе се спротивставиме против сите нападите врз нашите свети места, првенствено врз комплексот Ал Акса.”
Невладини организации од Турција, во знак на поддршка на одлуката на САД, Куд да биде признаен за „главен град на Израел”, закажаа протестен митинг на 17 декември во Анкара.
- Веќе една недела е во воен затвор
Палестинецот Февзи Џунејди, изминатиот четврток во окупираниот град Ел Халил (Хеброн), врзувајќи му ги очите, беше приведен од страна на голем број израелски војници. Таа глетка предизвика големи реакции на социјалните мрежи. Во понеделникот Џунејди излезе пред суд, каде притворот му беше продолжен за уште три дена.
Вчера Џунејди повторно беше изведен пред суд, на кој притворот уште еднаш му беше продолжен. Во понеделник, 16-годишниот Џунејди повторно ќе биде изведен пред воен суд.
Според обвинението кое вчера беше изложено пред воениот суд, Џунејди е обвинет за 'фрлање камења врз израелски војници'. Џунејди ги негира овие тврдења, изјавувајќи дека излегол на улица за да купи нешто за потребите на своето семејство, а во моментот кога се нашол на улица, ненадејно пред него се појавиле голем број израелски војници, кои го привеле, врзувајќи му ги очите.