Ali Cura
06 Мај 2019•Ажурирај: 06 Мај 2019
МОСКВА (АА) - Најмалку 41 патник загинаа во пожарот кој избувна во авионот додека слетувал на аеродромот во рускиот главен град Москва, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролката на Истражниот комитет на Руската Федерација, Светлана Петренко, ги информираше медиумите во врска со состојбата на лицата кои се наоѓале во авионот во кој избувна пожар додека реализирал итно слетување на аеродромот „Шереметјево“, додека патувал на релација Москва - Мурманск.
„Во авионот се наоѓаа 78 лица, вклучувајќи го и екипажот“, рече таа, додавајќи дека според досегашните информации во рамки на истрагата, 37-мина од вкупниот број патници преживеале.
Патничкиот авион од типот SSJ-100, по извесно време откако полетал од аеродромот „Шереметјево“, бил принуден итно да се врати и слетал на истиот аеродром, но при слетувањето избувнал пожар во задниот дел на авионот.