Hasan Esen,Yusuf Özcan
15 Април 2019•Ажурирај: 16 Април 2019
ПАРИЗ (AA) - Во попладневниет часови избувна голем пожар во познатата катедрала Нотр-Дам во Париз, а околните згради вечерва се евакуирани бидејќи огнената стихија не е ставена под контрола, јавува Anadolu Agency (AA).
Градските власти на Париз оформија кризен штаб за спроведување евакуација поради пожарот кој сеуште трае. Евакуирани се жителите кои живеат во тој дел од градот како и туристите кои престојуваа во поблиските хотели.
Градоначалничката на Париз Ан Хидалго претходно изјави дека кулата од катедралата Нотр-Дам, висока 93 метри се урна во пожарот.
Локалните медиуми и очевидците наведуваат дека во пожарот се срушил и кровот на познатата катедрала во Париз.
„Сѐ гори. Гори надворешниот дел од конструкцијата кој датира од 19 век на една страна и од 13 вел од другата страна. Ништо нема да остане", изјави гласноговорникот на катедралата Андре Финот.
Покрената е акција за да се спасат уметничките дела кои се наоѓаат во катедралата.
Градоначалничката на Париз напиша на Твитер дека пожарникарите се обидуваат да го изгаснат пожарот во катедралата.
„Страшен пожар избувна во катедралата Нотр-Дам во Париз. Пожарникарите се обидуваат огнената стихија да ја стават под контрола", наведе Хидалго.
Францускиот претседател Емануел Макрон го откажа претходно планираното ветување на нацијата поради пожарот кој ја зафати катедралата Нотр-Дам.
Сѐ уште не е позната причината на пожарот, а обвинителството на Париз во меѓувреме покрена истрага за причина на несреќата. Во соопштението на полицијата се наведува дека пожарот избувнал во делот од катедралата кој се реновира.
Катедралата Нотр-Дам (Богородичната црква) позната е во светот го полемината, единственоста и важноста за светската архитектура. Зградата, која датира уште од 12 век позната е по класичното книжевно дело на Виктор Хуго „Sвонарот од Богородичната црква", секоја година привлекува милиони туристи од целиот свет.
Моментално во тек беа градежните активности со кои се реновираше еден дел од катедралата, а поради нив минатата недела беа преместени бронзените статуи. За нејзината обнова издвоени се шест милиони евра.