Emre Gürkan Abay
25 Април 2022•Ажурирај: 26 Април 2022
МОСКВА (АА) – Избувна пожар во складиштето за нафта во градот Бријанск, на 150 километри од руско-украинската граница, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за вонредни ситуации на Русија соопшти дека од непознати причини избувнал пожар во складиштето за нафта во градот Бријанск.
Во соопштението, исто така, се наведува дека во пожарот нема повредени и дека жителите од областа нема да бидат евакуирани.
Очевидци кои говореа за руските медиуми истакнаа дека во магацинот се слушнале експлозии.
Продолжуваат работите за гаснење во складиштето за нафта во Бријанск, кое е на околу 150 километри од украинската граница.