Büşra Selvi Öğütcen
03 Ноември 2020•Ажурирај: 04 Ноември 2020
АНКАРА
Во јужниот дел на Кина избувна пожар во терминал за течен природен гас (ТПГ). Во оваа несреќа животот го загубија пет лица, а три лица се повредени, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Агенцијата Синхуа врз основа на информациите добиени од официјалните лица на Автономната област Гуангси објави вест во која се вели дека вчера напладне избувнал пожар на терминалот за ТПГ на пристаништето Тешан.
Во пожарот животот го загубија пет лица, три лица се повредени, а едно лице се води за исчезнато.
Пожарот е ставен под контрола по интервенцијата на противпожарните екипи. Започната е истрага за откривање на причината на несреќата.