Elena Trenchevska Chekovic
13 Мај 2025•Ажурирај: 15 Мај 2025
СКОПЈЕ (АА) - Полна Цветна месечина се издигна на небото над Менхетен во Њујорк, Соединетите Американски Држави, која во комбинација со градските светилки создаде воодушевувачка глетка, јавува Анадолу.
Издигнувајќи се директно зад Емпаер Стејт Билдинг фрли сјај над центарот на Менхетен.
Љубителите на небото имаа во што да уживаат, овековечувајќи го овој феномен со фотографирање.
Инаку, полната месечина има неколку имиња, а во мај се нарекува и „цветна“ месечина поради будењето на цвеќињата и целата природа по зимското мирување.
Според Стариот алманах на земјоделците, имињата на полната месечина доаѓаат од голем број места, вклучително и од индијански, колонијални американски и европски извори. Името „Цветна месечина“ му се припишува на народот Алгонкин, кој живее во источна Канада и во делови на САД.