Ali H. M.Abo Rezeg
31 Март 2019•Ажурирај: 31 Март 2019
ИСТАНБУЛ (АА) - Околу половина од арапските лидери нема да земат учество на годишниот Самит на Арапската лига, кој започнува денеска во главниот град на Тунис, јавува Anadolu Agency (AA).
Само 13 арапски лидери присуствуваат на еднодневниот Самит, меѓу кои саудискиот крал Селман, емирот на Катар, Тамим бин Хамад и египетскиот претседател Абдел-Фетах ал Сиси.
Останатите лидери кои присуствуваат на Самитот се тунискиот лидер Беџи Каид Есебси, шеик Сабах ал Ахмед од Кувајт и кралот Абдула II од Јордан, како и лидерите на Ирак, Либан, Палестина, Јемен, Мавританија и Џибути.
Либија ќе биде претставена од челникот на Претседателскиот совет на земјата, Фајез ал Сарај.
Осум арапски лидери нема да присуствуваат на Самитот на Арапската лига, меѓу кои и суданскиот претседател Омар ал Башир и алжирскиот Абделазиз Бутефлика, султанот на Оман, Кабус бин Саид и мароканскиот крал Мухамед VI.
Сирија нема да биде претставувана од ниту еден официјален претставник на Самитот, бидејќи членството во Арапската лига на земјата е замрзнато од 2011 година.
На агендата на Самитот се очекува да се најде и неодамнешното ескалирање на состојбата од страна на Израел во Појасот Газа; тековните кризни состојби во Либија, Јемен и Судан; мешањето на Иран и борбата против тероризмот.