Tacettin Demir
25 Октомври 2017•Ажурирај: 26 Октомври 2017
ВАРШАВА (АА) - Ресорните органи на Полска ги одбиваат и ги третираат како неоправдани барањата за азил поднесени од страна на членовите на терористичката организација ФЕТО, кои избегаа од Турција по минатогодишниот обид за државен удар, јавува Anadolu Agency (AA).
Според податоците на полската служба, најмалку 54 турски државјани побарале азил во Полска по 15 јули минатата година, односно по спречениот воен удар на терористичката организација ФЕТО во Турција.
Избеганите пучисти ги оправдуваат барањата за азил со наводните закани и стравувањата за животот во случај на враќање во Турција.
Службата во Варшава соопшти дека досега се одбиени барањата на 16 подносители, а останатите случаи се во процедура.
Најмалку 13 од тие 16 лица веќе ја напуштиле Полска и заминале во трети земји.
Полскиот портал „Onet“ објави дека барателите за азил не успеале да докажат дека нивните животи ќе бидат изложени на ризик во случај да се вратат во Турција.
Портпаролот на Одделението за странци, Јакуп Дудзјак, изјави дека знае оти економската состојба е вистинската причина на барателите на азил.