Ekipa
22 Јуни 2016•Ажурирај: 23 Јуни 2016
ВАРШАВА (АА) - Мацеј Кујавски, портпаролот на главниот полски обвинител, рече дека останките од претседателот Лех Качињски, неговата сопруга и останатите жртви од авионската несреќа која се случи во 2010 година, ќе бидат есхумирани со цел да им помогне на истражните органи да ја откријат причината за авионската несреќа во која животот го загубија 96 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Кујавски денес соопшти дека истражителот е во преговори со полски и странски експерти кои сакаат да ја извршат ексхумацијата, но дека термиот сѐ уште не е дефиниран.
Тој додаде дека документите кои Полска ги добила од Русија, каде што авионот падна, се непотполни и во одредени случаи погрешни, и дека истите не се од помош при расветлувањето на причината за несреќата. Во Полска неодамна е обновена истрагата за причините на падот на авионот во кој се наоѓаше и тогашниот претседател Качињски.
Одлуката за ексхумација е донесена во вчера на состанокот на кој присуствуваа и членовите на семејствата на жртвите во несреќата.