Emel Öz Gözellik
27 Септември 2019•Ажурирај: 30 Септември 2019
ЊУЈОРК (АА) - Министерот за надворешни работи на САД, Мајк Помпео, истакна дека потврдиле оти Асадовиот режим во нападот извршен во мај во Идлиб употребил хемиско оружје, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Асадовиот режим е одговорен за бројни тирании меѓу кои воени злосторства и злосторства против човештвото. Денес соопштувам дека САД заклучија оти Асадовиот режим (во нападот во Идлиб извршен) на 19 мај го употребил гасот хлор како хемиско оружје“, рече Помпео во своето обраќање на прес-конференцијата во Њујорк.
Помпео рече дека хемискиот напад извршен во мај од страна на Асад, бил различен од претходните напади, бидејќи според него, овој пат употребил хлор.