Safvan Allahverdi
10 Август 2019•Ажурирај: 12 Август 2019
ВАШИНГТОН (АА) - Шефот на американската дипломатија, Мајк Помпео, го изрази своето задоволство од постигнувањето договор меѓу Соединтите Американски Држави (САД) и Турција околу формирањето на Заеднички оперативен центар, пренесува Anadolu Agency (AA).
Американскиот државен секретар Помпео објави писмено соопштение на социјалната мрежа Твитер во врска со средбите меѓу двете страни околу плановите за формирање безбедносни зони во северниот дел на Сирија, во кое вели:
„Го изразувам моето задоволсто од постигнувањето договор меѓу САД и Турција околу формирањето на заеднички одржлив безбедносен механизам за решавање на заедничката безбедносна загриженост на подрачјето во североисточниот дел на Сирија. Формирањето безбедносна зона е значаен чекор од аспект на обезбедување мир и сигурност.“
- Во Турција е постигнат договор околу формирањето на Заеднички оперативен центар -
Во соопштението што го објави турското Министерство за национална обрана се вели дека со цел во северниот дел на Сирија да се воспостави планираната безбедносна зона, координирана заедно со САД, претставниците на војската на САД, од 5 до 7 август во Анкара оствариле средби со Министерството за национална одбрана на Турција.
На средбите бил постигнат договор за решавање на загриженоста на Турција за сопствената безбедност, при што превентивните мерки што ќе бидат преземени во првата фаза треба да бидат спроведени во најкус временски период, и во тие рамки е договорено да се формира безбедносна зона, за чие заедничко координирање и управување двете земји во Турција ќе оформат Заеднички оперативен центар.
Воените претставници на Турција и САД се договориле и околу ставот дека безбедносната зона треба да претставува еден мировен коридор и дека ќе бидат преземени секакви дополнителни безбедносни мерки околу враќањето на раселените Сиријци во сопствената земја.