Mahmoud Barakat
24 Септември 2018•Ажурирај: 24 Септември 2018
АМАН (АА) - Јорданскиот крал Абдулах II денес во Њујорк со состана со американскиот државен секретар, Мајк Помпео, при што разговараа за случувањата во Палестина и Сирија, пренесува Anadolu Agency (AA).
Состанокот, на кој тие се осврнале и на одредени аспекти од американско-јорданското стратешко партнество, е одржан во рамките на состанокот на Генералното собрание на ОН во Њујорк.
Според соопштението издадено од Јорданскиот кралски двор, кралот Абдула за време на разговорот ја нагласил потребата за продолжување на израелско-палестинските мировни преговори засновани на дводржавното решение и осигурувањето за воспоставување независна палестинска држава со Источен Ерусалим (Кудс) како главен град.
Американскиот државен секретар и јорданскиот крал, исто така, ја нагласиле потребата за изнаоѓање политичко решение за Сирија, на начин што ќе го зачува единството на Сирија и кохезијата на сирискиот народ.
Кралот Абдула пристигна во САД минатата недела за да учествува на 73. сесија на Генералното собрание на ОН, која трае девет дена и треба да заврши на 5 октомври.