Ali Cura
20 Април 2017•Ажурирај: 21 Април 2017
КИЕВ (АА) - Претседателот на Украина, Петро Порошенко, изјави дека во источниот украински регион Донбас не се спречени судирите, туку дека таму во тек е војна, пренесува Anadolu Agency (AA).
Порошенко во интервју за телевизијата Sky News (Скај њуз) истакна дека некои недобронамерни кругови сакаат ситуацијата на источниот дел на Украина да ја претстават како „состојба на замрзнати судири“.
„Нагласувам, Русија во Донбас врши физички напад на мојата земја“, изјави Порошенко.
Порошенко истакна дека од почетокот на годината досега, во источниот дел на Украина загинале 69, а ранети се повеќе од 420 украински војници, и дека тоа не може да се окарактеризира како замрзнат судир, туку како војна што трае.
Тој посочи на важноста на глобалната солидарност со Украина, и рече дека притисоците и санкциите кон Русија мора да продолжат сѐ додека Русија „не престане да ги убива Украинците“.
„Санкциите кон Русија се механизам што го задржува рускиот претседател Владимир Путин на преговарачката маса“, заклучи Порошенко.