Büşra Selvi Öğütcen
25 Октомври 2020•Ажурирај: 28 Октомври 2020
АНКАРА (АА) - Поројните врнежи од дожд во Виетнам предизвикаа поплави и свлечишта во кои досега животот го загубија 130 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста што ја објави агенцијата „Синхуа“, Централниот комитет за спречување и контрола на природните катастрофи во Виетнам соопштил дека во централните делови на земјата, од почетокот на овој месец досега, постојано се зголемува бројот на смртни случаи од поплавите и свлечиштата предизвикани од поројните дождови што ја зафатија земјата.
Во веста се наведува дека досега се забележани 130 смртни случаи, претежно во покраините Кванг Чи, Тија Тијен-Хуе и Кванг Нам, а 18 лица се водат како исчезнати. Во тек се спасувачките операции и активности за обновување и евакуација по катастрофата.
Во соопштението се додава дека околу 1.500 хектари полиња со ориз и околу 8.000 хектари обработливо земјиште се поплавени или претрпеле штета, а уништени се 935.000 грла стока и живина. Во исто време поројните дождови се причина за нарушување на сообраќајот.