Muhammet Kurşun,Elaheh Salari
13 Јули 2020•Ажурирај: 14 Јули 2020
ТЕХЕРАН (АА) - Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Абас Мусеви, истакна дека се среќни поради одлуката за отворање на Аја Софија за богослужба, јавува Агенција Анадолија (АА).
Мусеви во изјавата за дописникот на АА се осврна на одлуката за отворање на Аја Софија како џамија за богослужба.
„Од одлуката за отворање на Аја Софија како џамија за богослужба, исто како и турскиот народ и муслиманите, и ние сме многу среќни“, истакна Мусеви.
Во однос на реакциите кои дојдоа од некои земји во врска со одлуката, Мусеви рече: „Одлуката за статусот на Аја Софија е внатрешна работа на Турција. Ова е прашање кое се разгледува во рамките на националниот суверенитет на Турција.“