Mehmet Nuri Uçar
25 Февруари 2024•Ажурирај: 26 Февруари 2024
ГАЗА (АА) - Во нападите на Израел, обвинет за геноцид, од 7 октомври минатата година досега во Појасот Газа се убиени 29.692 Палестинци, известува Анадолу.
Палестинското Министерство за здравство во Газа објави информации за израелските напади кои траат веќе 142 дена.
Потврдено е дека последните 24 часа се убиени 86 Палестинци од страна на Израел. Вкупниот број на досега убиени Палестинци изнесува 29.692.
Забележано е дека во истиот период се повредени 131 Палестинец, со што вкупниот број на повредени во Појасот Газа се зголеми на 69.879.
Министерство за здравство истакна дека под урнатините и покрај патиштата има уште мртви, но поради израелските напади, медицинските тимови и службениците на цивилната заштита не се во можност да дојдат до телата.