Yusuf Özcan
26 Септември 2019•Ажурирај: 27 Септември 2019
ПАРИЗ (АА) - Поранешениот претседател на Франција, Жак Ширак, почина на 86-годишна возраст, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението на семејството, Ширак, кој беше претседател на Франција помеѓу 1995 и 2007 година, починал во својот дом.
Се вели дека Ширак долго време имал здравствени проблеми.
Инаку, Жак Ширак својата политичка кариера ја започна во 1965 година како член на Градското генерално собрание во Сен Фереол, додека во 1977 година стана градоначалник на Париз.
Во времето додека претседател на Франција беше Франсоа Митеран, во 1986 година Ширак стана премиер на земјата.
Тој во 1995 година стана претседател на Франција, победувајќи во политичката битка против својот противник, екстремниот десничар Жан-Мари ле Пен, на вториот круг претседателски избори.
Жак Ширак 12 години ја вршеше функцијата претседател на Франција.