Hakan Çopur
16 Август 2020•Ажурирај: 17 Август 2020
ВАШИНГТОН (АА) - Роберт Трамп, помладиот брат на американскиот претседател Доналд Трамп, почина доцна синоќа во болница во Њујорк, пренесува Агенција Анадолија (AA).
Доналд Трамп на Твитер објави дека неговиот 72-годишен брат Роберт починал во Презветеријанската болница во Менхетен.
„Со голема тага сакам да ве известам дека мојот прекрасен брат Роберт почина. Тој не беше само мој брат, туку и мој најдобар пријател. Ќе ни недостасуваш, но еден ден повторно ќе се сретнеме“, напиша Трамп, кој вчера го посети својот брат во болницата.
Роберт Трамп важеше за одличен менаџер, а неодамна беше хоспитализиран поради здравствени проблеми што не беа откриени во јавноста, како што не беше соопштен ниту официјалниот лекарски извештај за причината за неговата смрт.