Arife Yıldız Ünal
19 Декември 2020•Ажурирај: 20 Декември 2020
АНКАРА
Извозниот воз кој тргна од турскиот град Истанбул, го комплетираше своето непрекинато патување во кинескиот град Џи ан, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение објавено на социјалната мрежа Твитер ја потврди Министерот за транспорт и инфраструктура на Турција, Адил Караисмаилоглу.
„Нашиот извозен воз кон Кина го комплетираше своето непрекинато патување од Черкезќој во градот Џи ан", напиша турскиот министер.
„Извозниот воз кон Кина која логистичката моќ на Турција им го пренесе до светот во секој град од каде помина, е нашата победа во железничкиот транспорт“, додаде Караисмаилоглу.
Возот, чие сообраќање се спроведува во соработка на Турската државна железница за транспорт и „Пацифик Еуроазија“, официјалната „компанија шпедитер“, измина пат од вкупно 8.693 километри, минувајќи низ два континента, две мориња и пет држави, а својот товар го достави во Кина за 12 дена.