Ekipa
08 Мај 2017•Ажурирај: 09 Мај 2017
АНКАРА (АА) - Од населбата Берзе, која припаѓа на сирискиот град Дамаск, излезе првиот евакуациски конвој којшто ги превезува цивилите и припадниците на опозицијата, јавува Anadolu Agency (AA).
Во согласност со договорот постигнат минатата недела, меѓу припадниците на режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад и сириската опозиција, од населбата Берзе се евакуирани 950 цивили и припадници на опозицијата.
Првиот конвој од 19 автобуси ја напушти населбата и е на пат кон Идлиб. Се очекува населбата во која живеат 40.000 лица да ја напуштат 8.000 цивили и припадници на опозицијата.
Остатокот од населението ќе живее под режимска контрола.
Околу 500.000 лица кои живеат во Источна Гута, барем во ограничени можности, основните потреби за живот ги добиваат преку тунелите ископани во Берзе и Кабун.
Припадниците на режимот моментално вршат интензивни напади од копно и од воздух.