Amina Zorniç
01 Декември 2016•Ажурирај: 01 Декември 2016
БЕРЛИН (АА) - Француското сатирично списание „Шарли Ебдо“ денес го издаде своето прво издание на германскиот пазар, на чија насловна страница ја исмева германската канцеларка Ангела Меркел, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според британскиот весник „Гардијан“, Меркел е прикажана како седи на тоалетна школка и чита „Шарли Ебдо“ со натпис „Шарли Ебдо ослободува“.
„Хуморот е секаде, па дури и во Германија“, изјави издавачот и цртач на стрипови и графики, Лорен „Рис“ Сурисо.
Станува збор за прво издание на списанието на некој странски јазик.
„Ова е експеримент, односно обид да го објавиме списанието и на некој друг јазик, да му најдеме нова публика која ќе застане во негова одбрана“, истакна Сурисо.
Првиот број на германскиот пазар е печатен на 16 страници, во 200.000 примероци, а се состои претежно од статии и карикатури преведени од француски јазик.
Германската верзија на списанието, како штот истакна Сурисо, ја уредува 33-годишник од Берлин, кој го користи псевдонимот Минка Шнајдер.
Речиси сите вработени во „Шарли Ебдо“ пишуваат под псевдоними, по терористичкиот напад на нивната реакција во Париз, на 7 јануари 2015 година, кога беа убиени некои од најпознатите цртачи на француското списание.
Редакцијата на списанието денес се наоѓа на „тајна локација“.