Enes Canlı
29 Јули 2019•Ажурирај: 30 Јули 2019
ТРИПОЛИ
Специјалниот претставник на ОН за Либија, Гасан Саламе, на состанокот со вооружениот лидер Калифа Хафтар предупреди на последиците од „ескалацијата на конфликтот и од зголемената странска интервенција“ во Либија, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението од Специјалното претставништво на ОН за Либија, Саламе на состанокот со Хафтар одржан во градот Реџме разговараше за неодамнешните случувања во Либија и за начините за враќање на мирот и дијалогот во земјата.
Саламе на средбата предупредил за последиците од „ескалацијата на конфликтот и последиците од зголемената странска интервенција“.
Претставникот на ОН, Саламе, во Тунис, каде што присуствуваше на погребот на претседателот Беџи Каид Есебси, се состана со претседателот на Претседателскиот совет на Владата на национално единство (UMH) на Либија, Фајиз ес-Серак.
За време на состанокот, Серак истакна дека услов за продолжување на политичкиот процес во Либија е силите поврзани со Хафтар да се повлечат од Триполи и да се вратат од каде што се дојдени.
Генералот Калифа Хафтар на 4 април издаде наредба за напад, со цел да ја преземе контролата врз Триполи, по што силите на Владата на национално единство ја започнаа операцијата наречена „Буркан ал Гадаб“.
По нападот, судирите околу главниот град постепено ескалираа.