Şeyma Uzundere
07 Јули 2022•Ажурирај: 08 Јули 2022
АНКАРА (АА) – Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн, истакна дека Обединетите нации (ОН) неуспешно одговориле на војната во Украина, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Говорејќи во Институтот „Лови“ во Сиднеј, Ардерн рече дека ОН се морално банкротирани“, објави „Њу Зеланд Хералд“ (New Zealand Herald).
Ардерн, нагласувајќи дека ОН неуспешно одговориле на војната во Украина поради ставот на Русија во Советот за безбедност на Обединетите нации (СБОН), рече дека сепак во решавањето на меѓународните проблеми треба да се бара помош од мултилатерални организации како што се ОН.
„Нов Зеланд, кога се бара решение за проблемите, било да е тоа војна или конфликт, поднесува жалба до овие институции кои дејствуваат како посредници, и каде што е потребно, дејствуваат како судии“, нагласи Ардерн.
Таа додаде дека доколку овие меѓународни организации бидат неуспешни, неопходно е „да се најдат начини да се направат посилни“.
Повикувајќи на реформи во ОН, Ардерн побара финансирање на Меѓународниот суд на правдата (МСП) за истрага на воените злосторства во Украина.