Ali Cura
16 Септември 2022•Ажурирај: 17 Септември 2022
ЕРЕВАН (АА) - Премиерот на Ерменија, Никол Пашинјан, соопшти дека во судирите со Азербејџан загинале 135 ерменски војници, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Пашинјан во своето обраќање на владиниот состанок даде информации за состојбата на ерменско-азербејџанската граница.
Премиерот Пашинјан наведе дека Владата засега нема потреба да прогласува воена состојба.
„До денеска, бројот на потврдени смртни случаи е 135. Оваа бројка сѐ уште не е конечна, има многу повредени“, додаде Пашинјан.
На 14 септември Пашинјан соопшти дека бројот на загинатите ерменски војници е 105.
- Судири на границата Азербејџан-Ерменија
Министерството за одбрана на Азербејџан соопшти дека е возвратена големата провокација што ја започнаа силите на Ерменија во правец на Дашкесен, Келбаџар, Лачин и Зангилан ноќта на 12 септември.
Соопштено е дека во судирите на границата загинале 71 војник од Азербејџанската армија.
Азербејџан информира дека е подготвен да ѝ ги даде на Ерменија телата на околу 100 ерменски војници кои ги загубија животите во конфликтите.