Atila Altuntaş
30 Април 2022•Ажурирај: 02 Мај 2022
ХЕЛСИНКИ (АА) - Финскиот претседател Саули Ниинисто најави дека одлуката на земјата дали да стане членка на НАТО ќе ја соопшти на 12 мај, јавува Агенција Анадолија (АА).
Наведувајќи дека безбедносната ситуација во регионот е променета, Ниинисто истакна дека одлуката ќе биде донесена по состанокот со Владата, политичките партии и невладините организации.
Ниинисто изјави дека острата употреба на воената моќ од страна на Русија предизвикува загриженост.
Владата на Финска, од друга страна, својата одлука за членство во НАТО ќе ја соопшти на 14 мај.
Според наводите на шведскиот весник „Експресен“ (Expressen), Шведска и Финска од 17 до 21 мај ќе поднесат барање за членство во НАТО.