Fuat Kabakçı
18 Јуни 2017•Ажурирај: 19 Јуни 2017
ПЕКИНГ (АА) - Најмалку 26 лица се повредени при силна турбуленција на патнички авион кој леташе од Париз кон кинескиот град Кунминг, јавува Anadolu Agency (AA).
Авионот од компанијата „China Eastern Airlines“ (Чајна истерн ерлајнс) на летот од Париз до Муниминг, се најде на удар на силна турбуленција, но за среќа успеал безбедно да слета на меѓународниот аеродром во Кунмин, главен град на провинцијата Јунан, југозападна Кина.
Кинеската новинска агенција Синхуа објави дека 26 патници биле хоспитализирани и дека меѓу нив четири се животно загрозени.
Според изјавите на патниците, ударот на турбуленциите траел подолго од десет минути. Неколку патници паднале од седиштата, а неколку се повредени од багажот кој паѓал над нивните глави.
По слетувањето на аеродромот патниците со аплауз ги поздравиле членовите на екипажот на авионот.