Ekip
16 Јули 2022•Ажурирај: 17 Јули 2022
МЕКСИКО СИТИ (АА) - Мексиканскиот наркобос, кој е на листата на најбарани лица во САД, приведен е вчера во Мексико, објави Министерството на воената морнарица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Рафаел Каро-Квинтеро е приведен во мексиканската сојузна држава Чивава.
Квинтеро (69) беше на листата на десетте најбарани бегалци кои американскиот ФБИ ги бара поради киднапирање, измачување и убиство на специјалниот агент на американската Агенција за сузбивање на наркотици (DEA) Екрике „Кики“ Камарена во Мексико 1985 година.
САД понудија 20 милиони долари за неговото приведување.
Мексиканецот е еден од основачите на првиот голем наркокартел Гвадалахара кон крајот на 1970-тите години.