Emre Gürkan Abay
20 Август 2021•Ажурирај: 21 Август 2021
МОСКВА
Шумските пожари во источна Русија продолжуваат да беснеат на 128 точки, зафаќајќи површина од 1.537.000 хектари, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Федералната шумска агенција на Руската Федерација објави дека продолжуваат напорите за гаснење на пожарите активни на истокот од земјата.
Информирајќи дека вчера се изгаснати пожарите на 65 различни точки, во соопштението се вели „Заклучно со 20 август, шумските пожари продолжуваат на 128 точки на површина од 1.537.000 хектари. Триесет и шест од пожарите се во Јакутија, а 17 во подрачјето на Иркутск.“
Во соопштението се истакнува дека приближно 7.000 луѓе со стотици возила учествувале во гаснењето на пожарот.
Од друга страна, вонредна состојба е прогласена во руската Република Мариј Ел поради шумските пожари што започнаа вчера.
Рускиот претседател Владимир Путин во својата изјава дадена на 14 август рече дека климатското прашање треба да се решава систематски и додаде дека „природните катастрофи во некои делови на Русија се со досега невидени размери“.