Halit Süleyman,Mohamad Misto,Selen Temizer
19 Декември 2016•Ажурирај: 19 Декември 2016
АЛЕПО (АА) - Евакуацијата на жителите на Алепо е продолжена утринава, а досега од источните делови на градот што се под опсада од силите на сирискиот режим и неговите сојузници, евакуирани се повеќе од 14.000 цивили, јавува Anadolu Agency (AA).
Конвојот со цивили од населбите Фуа и Кефраја, кои се под контрола на Хезболах, а под опсада на силите на сириската опозиција, утринава премина на западната страна на Алепо, кој е под контрола на сирискиот режим и неговите сојузнички терористички групи кои ги собираат странските борци.
Истовремено, конвој од 46 автобуси со цивили од источните делови на Алепо, под опсада на режимските сили, стигна во Идлиб кој го контролира опозицијата.
Од источниот дел на Алепо тргна уште еден конвој од 20 автобуси, кој го помина контролниот пункт на режимските сили во квартот Рашидин и моментално се движи кон Идлиб.
Според податоците на локалните активисти вклучени во процесот на евакуација, од четвртокот досега, од источните делови на Алепо и од опсадата на режимските сили во Идлиб се евакуирани над 14.000 цивили.
Вчера, со посредство на Турција и Русија е обновен договорот меѓу силите на сирискиот режим и опозицијата за прекин на судирите и евакуација на цивилите од Алепо.
Според новиот договор, денес од источниот дел на Алепо во Идлиб би требало да бидат евакуирани 20.000 цивили и бунтовници, а остатокот ќе биде евакуиран утре.
Паралелно со тоа, од квартовите Фуа и Кефраја во наредните три дена ќе бидат евакуирани 4.000 лица. Станува збор за два кварта во кои живеат околу 15.000 шиити. Квартовите се под контрола на Хезболах и иранските милитантни групи кои се сојузници на силите лојални на сирискиот претседатек Башар ал Асад.
Со новиот договор за евакуација на цивилите планирана е да се евакуираат и цивилите од квартот Мадаја во Дамаск и од градот Зебадани. Се очекува од тие места утре да бидат евакуирани 1.500 цивили, главно ранети, болни лица и деца.