Gülşen Topçu
31 Јули 2022•Ажурирај: 01 Август 2022
ИСТАНБУЛ (АА) - Јужно од египетскиот град Каиро пронајдени се остатоци од градба за која се верува дека би можела да биде еден од изгубените храмови на Сонцето, известува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за туризам и артефакти соопшти дека тим експерти од Полска и Италија во текот на археолошките истражувања на храмот Ниусера во Абу Гораб откриле остатоци од друга градба.
Во соопштението се наведува дека овие остатоци покажуваат дека би можело да станува збор за еден од четирите изгубени храмови од периодот на Петтата династија на Египет (период околу 2.487 пр. н. е. до 2.449 пр. н. е.).
Истражувањето ќе продолжи за да се дојде до нови сознанија.
Историските документи наведуваат дека се верува дека во подрачјето на Абу Гораб постоеле шест храмови на Сонцето, а досега се откриени само два. Новото откритие би можело да помогне во откривањето на преостанатите четири.