Hakan Ceyhan Aydoğan
19 Јуни 2017•Ажурирај: 20 Јуни 2017
МОСКВА (АА) - Рускиот претседател Владимир Путин го именуваше Алексеј Јерхов на функцијата амбасадор на Руската Федерација во Република Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Јерхов претходно ја извршуваше и должноста генерален конзул на Руската Федерација во Истанбул, а до именувањето на функцијата амбасадор во Анкара, ја извршуваше должноста директор на Кризниот центар при Министерството за надворешни работи на Русија.
Позицијата на рускиот амбасадор во Анкара беше испразнета на 19 декември минатата година, кога во оружен напад при отворањето на изложба на фотографии во центарот на Анкара беше убиен дотогашниот амбасадор Андреј Карлов.