Emre Gürkan Abay
21 Ноември 2017•Ажурирај: 21 Ноември 2017
МОСКВА (AA) – Претседателот на Русија Владимир Путин во Сочи во понеделник се состана со претседателот на Сирија Башар ал-Асад, јавува Anadolu Agency (AA).
Од Кремљ е соопштено дека Путин за време на состанокот со Асад рекол дека во Сирија се ближи крај на воениот процес и дека е време за покренување на политички процес.
Путин истакнал дека е потребно да се одредат главните насоки на политичкиот процес во Сирија.
„Ме интересира и вашиот став кога станува збор за сирискиот Конгрес на националниот дијалог. Важен е вашиот став во политичкиот процес кој ќе се води под покровителство на Обединетите нации", рече Путин.
Асад рекол дека се спремни на дијалог со сите страни кои ќе го поддржат политичкиот процес.
Состанокот е одржан пред трилатералниот самит на Турција, Русија и Иран кој во среда ќе почне во Сочи.