Anees Suheil Barghouti
08 Мај 2018•Ажурирај: 09 Мај 2018
ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелските власти на слобода го пуштија војникот Елор Азарија, кој во 2016 година со куршум од огнено оружје уби веќе повреден и онеспособен Палестинец во Хеброн, јавува Anadolu Agency (AA).
Азарија беше осуден на 18 месеци затвор, а зад решетки помина една третина од казната бидејќи Воениот суд го прифати мартовското барање на одбраната за предвремено пуштање на слобода.
Азарија беше осуден за убиство на Абдул Фата ал Шариф за време на инцидент што се случи во Хеброн, во март 2016 година.
Наводно, израелската Армија го повредила и онеспособила Ал Шариф поради наводен напад со нож врз војник, а Азарија пришол и со огнено оружје го застрелал Ал Шариф, кој ранет лежел на земјата.
Истрагата против Азарија беше покрената откако активист го снимил и го објавил инцидентот.