Mümin Altaş
13 Февруари 2018•Ажурирај: 14 Февруари 2018
АНКАРА (АА) - Турските вооружени со беспилотни летала снимија како терористите на ПЈД/ПКК од населените места во подрачјето на Африн, Сирија, извршуваат артилериски напади врз пограничните турски градови, јавува Anadolu Agency (AA).
Турските сили и Слободната војска на Сирија од 20 јануари ја спроведуваат операцијата „Маслинова гранка“ со цел да се неутрализираат терористите на ПЈД/ПКК и ДЕАШ во пограничниот регион на сирискиот град Aфрин од каде терористите ги ракетираат и бомбардираат турските погранични градови Хатај, Рејханли, и Килис.
Турските беспилотни летала снимија како терористите на ПЈД/ПКК тие напади ги изведувале од станбените квартови кај Џиндерес, кој се наоѓа западно од центарот на Aфрин.
На снимките се гледа дека тројца терористи во цивилна облека извршуваат артилериски напади од џип со кој постојано ја менуваат локацијата во внатрешноста на населбата.
Воочено е дека на сличен начин во населбата се движи уште една група терористи во возило со монтирани противавионски проектили.
Возилото од кое терористичката тројка врши напади во правец на турските градови потоа се движи и доаѓа до база во која се гледаат поголем број терористи.
На видеото се гледа дека терористите запалиле гуми пред базата за да се спречи снимањето од воздух.
На крајот од видеото се гледа и како турските сили ја уништуваат базата каде што се криеле терористите.
Во изминатите 24 дена, терористите на ПЈД/ПКК врз турските погранични градов испалија 98 ракети и гранати од Африн.
Во овие напади загинаа најмалку седум, а беа ранети 113 цивили.